
Четри кандидатури за градоначалник на Општина Штип се веќе потврдени. Во трката за градоначалничката фотелја влегуваат кандидати од политичките партии СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ЛДП – ДОМ и ИНТЕГРА.
„Во моментот од поднесените четири кандидатури за градоначалник потврдени се сите четири. Едната кандидатура е од политичката партија ИНТЕГРА со кандидат за градоначалник Симеон Поликарп, потоа имаме од движењето „Одлучно за Македонија“тоа е коалицијата ЛДП – ДОМ со кандидат за градоначалник Ванчо Санев, потоа од „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ со кандидат Сашко Николов и од ВМРО ДПМНЕ и „Обнова на Македонија“ со кандидат Иван Јорданов“ – истакна Вацев.
За советнички листи во Штип има поднесено седум кандидатури, но за сега потврдена е само една кандидатска листа.
„Имаме единствено една кандидатска листа потврдено за сега за членови на Совет на Општина Штип, а тоа е од политичката партија Левица. Во моментот сега се разгледуваат сите останати листи и се надевам дека до вечер ќе бидат потврдени. Поднесени се седум кандидатски листи“ – додаде Вацев.
Во Кочани за градоначалник ќе се борат актуелниот градоначалник на Кочани, Николчо Илијев од редовите на СДСМ, и Љупчо Папазов од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Има поднесено пет листи за советници и тоа од политичките партии на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Левица, ДОМ- ЛДП, и независна советничка листа поддржана од група избирачи чии носител е Венко Крстевски, информираше претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димовска Гичева.
Лаура Стојанова М-Нет