Четвртфиналните натпревари на Турнирот „Влатко Петров“ ќе се одиграат денес и утре

Вечерва започнуваат четвртфиналните натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“. Во првиот термин од 20:00 часот ќе се сретнат екипите Радање и Гостилница Грош/Були, а вториот термин, од 21:00 часот, е резервиран за екипите на Техногума и Анба Компани.

Натпреварите по групи донесоа осум екипи во 1/4 финалето. Екипата на Џурџу Фарм е единствената со освоени максимален број бодови – 15 во групната фаза и од групата А допатува во 1/4 финалето како еден од фаворитите за шампионскиот наслов. Второпласирана екипа, која исто така ќе си ги покаже силите во 1/4 финалето, е екипата на Радање со 12 бода. Од групата А патот до финалето не го продолжуваат екипите на Шатка Маркет Амзебегово, Бако Транс и Динамо Штип, а овде последна е и откажаната екипа на Скопје.

Во групата Б првото место ѝ припадна на екипата Техногума со освоени 8 бода, а како второпласирана во групата, во 1/4 финалето оди и екипата на Ролотренд со 7 бода. Од оваа група испаднаа екипите ЛАС Петрол, Матива и Хорти Ристови.

Групата В како четвртфиналисти ги даде екипите на Гостилница Грош/Були со 9 бода и Архи Декор-Пласт Велес со 7 бода. Овде со исто така 7 бода, но со послаба гол разлика, во 1/4 не замина екипата на Кеги Моби, а потоа следуваат екипите Колегите на Влатко и ТАС Комерц.

На првата позиција во групата Г е екипата на КПД Штип со 10 бода, а второпласирана е екипата на Анба Компани со 9 бода. Екипите кои од оваа група не заминаа во 1/4 финалето се Етно гостилница Дијана Лозово, Чардаклија и Гостилница кај Џек.

Вторите четвртфинални натпревари ќе се одиграат в сабота во два термина. Терминот од 20:30 часот е резервиран за екипите на Џурџу Фарм и АрхиДекор-Пласт Велес, а во 21:30 часот ќе се сретнат екипите на КПД Штип и Ролотренд Караорман.

Натпреварите в петок и в сабота ќе ги дадат четирите екипи кои ќе заминат во полуфиналето.

Ребека Спасова М-Нет