Штипјанец организирал меѓународен превоз без соодветна лиценца, поднесена кривична пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(30) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење јавен превоз без поседување лиценца”. На 05.10.2022 на автопат Куманово-Скопје, кај наплатната рамка Романовце, полициски службеници извршиле контрола и било констатирано дека пријавениот ангажирал три лица од Радовиш, со возило да вршат превоз на патници во меѓународен сообраќај и покрај тоа што не поседувал лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган.