
Денес, утре и в сабота, Штип ќе биде домаќин на четвртиот Интернационален студентски конгрес на медицина во мултимедијалниот центар на УГД Штип. За прв пат конгресот има интернационален карактер, со учество на гости предавачи од Србија, Словачка, како и студенти од Португалија, Бугарија, Србија и регионот. Во рамки на конгресот ќе се одржат бројни предавања и работилници на повеќе теми од медицинската практика, а студентите ќе имаат воедно можност да учествуваат во нив.
Oвој настан го потврдува фактот дека Штип е образовен центар, рече градоначалникот на Штип Иван Јорданов, кој како што вели му е посебно драго што има вакви соработки.
И студентите од настанот, истакнаа голема благодарност до организаторите за овој настан, кој што е од особена важност за нив
Инаку целта на ваквиот настан е студентите имаат можност да се запознаат со најновите трендови во медиината, да воспостават мегународни контакти и да се подготват за идните предизвици во здравствениот сектор.
Иван Митев, М-Нет