Чаир се засили со Анастасија Митова и Јана Велигденова

Вицешампионот Чаир за новата сезона во ракометната Суперлига промовираше уште две нови засилувања. Станува збор за Анастасија Митова и за јана Велигденова.

Митова која е родена 2005 година, пристигна од редовите на Спартак, а претходно ги бранеше боите на Шампион.

„Ни претставува чест и задоволство што нашиот тим го пополнува својот ростер со млади играчи, играчи кои сакаат да тренираат, да напредуваат, и чекор по чекор да достигнуваат високи резултати во нивната кариера“, велат од Чаир.

Во новата сезона дресот на Чаир ќе го носи и Јана Велигденова, која во минатото беше дел од екипите на Алушовски, Металург, Шампион и Спартак.

Чаир активно работи на подготвувањена екипита за новата сезона, а во следниот период ќе промовира и нови засилувања.

Во новата сезона екипата на Чаир ќе игра во групат А со екипите на Стружанка, Астибо од штип, Скопје и Ѓорче Петров 2. Во првото коло Чаир ќе игра со Стружанка.

Александар Ванев, М-Нет