
Зелената салата овој петок беше најбарана на штипскиот пазар. Купувачите се прилично задоволни од цените и не прават некоја разлика во однос на претходните недели. Сепак, според нив, граѓаните се имаат потрошено за празниците и затоа побарувачката е намалена споредбено со минатата недела.
И продавачите се согласуваат дека цените се пристапни, меѓутоа потврдуваат дека има минимални покачувањa. Трговците велат дека продажната цена е диктирана од цената по која тие ги набавуваат производите, зашто кога ќе ги земат поскапо, ќе мора и тие да ја покачат цената. Од денешната побарувачка на штипскиот пазар се прилично задоволни.
Поради реконструкцијата на пазарот, сите продавачи се сместени во долниот дел од пазарот. За неколку недели, колку што функционира овој начин на организација, продавачите се со поделено мислење за тоа колку ним им оди во полза. За дел вака е подобро, за други, пак, нема доволно простор.
Продавачите и претходно посочуваа дека ова решение не е најсоодветно, ама го поздравија проектот кој треба да ги подобри условите во кои тие работат во секоја сезона.
Ребека Спасова М-Нет