
Уште од утринава голема раздвиженост на градскиот пазар во Кочани. Избор има, велат купувачите, а цените за овој период ог догината се реални, ама гледано од страна на произведувачите. Ако се гледа страната на примањата тогаш споредба не може да се прави согласни се акнетираните кочанчани. Велат дека пензиите се ниски, па согласно тоа купуваат пониска класа пипер например по поевтина цена.
„Сњупер се цените, реални се за овој период од годината. Пиперот е 60 денари за килограм, јаболка 25 денари, супер. Ама мали се примањата со 11 илјади пензија што попрво да направиме.“ – велат купувачите.
Продавачите се со поделено мислење. Согласни се дека раздвиженост на пазарот има, ама побарувачката различно ја толкуваат. Според едни нема кој да купи, други се задоволни. Цените според нив се стари, а за исплатливост во моментот не може да се зборува.
„Добар е пазарот, ама нема муштерии, оти младите ни избегаа, ние старите не можеме да работиме, бараат поевтино а робата е убава. Кај нас краставиците се 80 денари, а пиперот 100 денари за килограм. Само нема доволно производство на краставица“ – велат продавачите.
Доматот, краставицата, пиперот и сезонското овошје најбарани и најпродавани на денешниот пазар во Кочани. Во периодот кој следи со зголемување на производство се очекува намалување на цените на производите.
Лаура Стојанова М-Нет