
Кочанчани се екипираа со хуманитарен мотив за помош на Славица Димитрова. Преку продажба на книги и рачни изработки до крајната цел – да се соберат што повеќе финансиски средства кои ќе бидат наменети за сограѓанката Димитрова. Освен штандовите за продажба, настанот беше пропратен и со целовечерен музички концерт.
„Овојпат музичарите од Кочани се организираа преку овој настан, којшто целовечерен хуманитарен концерт, а на кој помогнав и јас. Се надевам на позитива, хуманост и крајната цел, која е да се соберат финансиските средства кои ќе бидат донирани на сметката на Славица Димитрова од Кочани“, истакна Тоше Илиjев.
Ова не е првпат да се организира хуманитарен настан за Димитрова. Пред неколку месеца исто така беше поставен хуманитарен продажен штанд од кој собраните средства завршија на сметката на Димитрова, а претходно за истата цел се организираше мултимедијален настан, како и турнир во мал фудбал, на кои се собраа средства од влезници и дополнителни донации.
Славица Димитрова има отворено и сметка во банка на којашто сите хумани граѓани можe да донираат средства, а исто така отворени се и телефонски линии. Славица Димитрова боледува од ретко генетско заболување на очите, а средства за лекувањето се собираат веќе неколку години.
Ребека Спасова М-Нет