Халид Лвалива со добрите игри во Брегалица се врати во репрезентацијата на Уганда!

Брегалница по превземањето од страна на Горан Здравков како нов шеф на стручниот штаб игра фантастична пролет и на последните пет натпревари нема пораз.

Во добрите игри на Брегалница се истакна и 24-годишниот стопер Халид Лвалива кој игра одлично во дресот на штипскиот прволигаш во одбранбениот дел, а тоа му овозможи да се врати во репрезентацијата на Уганда.

Стоперот се најде на списокот на играчи во селекцијата на Уганда, а оваа репрезентација ја чекаат натпревари во квалификациите на Африканскиот Куп на нации. Уганда ќе игра двомеч со репрезентацијата на Танзанија на 25. и 28. март, а во репрезентативниот состав ќе биде токму и фудбалерот на Брегалница.

По завршувањето на репрезентативната пауза Брегалница на домашен терен ќе се соочи со Тиквеш на Градскиот стадион во Штип, а мечот е закажан за 2. април.