Футсал клубот Осогово од Крива Паланка го сочува ростерот и дополнително го засили

Футсал клубот Осогово од Крива Паланка го сочува ростерот од минатата сезона и дополнително го засили за новата сезона во Првата футсал лига на Македонија.

Кристијан Станојковски и во новата сезона останува верен на Осогово и ќе ја носи капитенската лента, Виктор Димков и во новата сезона ќе носи дресот на прволигашот од Крива Паланка.

За новата сезона верноста кон Осогово ја продолжи и Мартин Ристовски, кој веќе две сезони по ред го носи дресот на овој клуб. Соработката е продолжена и со Дамјан Ангеловски, кој со физичките квалитети и борбен дух веќе две сезони по ред е еден од клучните играчи на тимот од Крива Паланка, а тој стави потпис на нов договор во должина од една сезона.

Во тимот за новата сезона останува и Никола Спасовски, кој и во новата сезона ќе биде чувар на мрежата на прволигашот од Крива Паланка.

Осогово за новата сезона се засили со репрезентативецот на Македонија и еден од најдобрите играчи во Македонија, Мартин Тодоровски, кој ќе биде големо засилување за Осогово.

Тодоровски е долгогодишен футсал репрезентативец кој во Осогово доаѓа од редовите на шампионот Форца, и ќе биде големо и квалитетно засилување.

Минатата сезона екипата на Осогово заврши на високото четврто место на табелата, а во новата сезона ќе има амбиции да го напаѓа врвот од табелата.

Александар Ванев, М-Нет