
Фудбалските второлигаши од групата Исток натпреварите од редовното второ коло ќе ги одиграат утре, недела. Тимот На Кит Го наместо во Пехчево натпреварот против екипата на Детонит ќе го одигра на градскиот стадион во Штип. На кормилото на Кит Го се врати поранешниот тренер Трајче Сенев на местото на Емил Грнев кој досега успешно го водеше тимот а Сенев милувајќи ги младите фудбалери ќе се обиде да направи нов „бум“ на истокот. Веќе се делегирани и официјалните лица, главен судија во Штип ќе биде Миле Лазов на кого ќе му помагаат Илија Гонев и Зоран Ангелов сите од Неготино а четврти судија ќе биде штипјанецот Дарко Стојанов. За Контролор е делегиран Миле Стојчевски од Скопје а Делегат ќе биде Тихо Чурлинов од Гевгелија. Од овој натпревар нашата Мнет ТВ во соработка со ФФМ ќе врши директен пренос како и на каналот на Мнет Спорт. Еве ги комплетните двојки за ова второ коло:
- Кит Го – Детонит
- Братство – Беласица
- Кожув – Победа
- Каменица Саса – Локомотива
- Слога – Осогово
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 29 август со почеток во 16.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка mnet.mk