Фудбал: Денес ќе се одиграат натпреварите од вонредното 27 прволигашко коло

Уште 7 кола остануваат до крајот на прволигашкиот фудбалски шампионат во кој неофицијално се знае само кој ќе биде новиот шампион на Македонија. Засега тетовска Шкендија е на првото место со вкупnо 59 бодови или со 10 бодови предност пред второпласираниот тим на Шкупи. Мошне густо е во долниот дел на табелата каде што Беласица веќе е второлигаш а за „голиот“ прволигашки живот се борат Вардар, Ренова и Силекс. Ова никој не гo oчекуваше, вакви познати и до вчера реномирани екипи да се борат за опстанок, но таква е моменталната ситуација. Еве ги комплетните двојки за ова вонредно 27 коло:

  1. Македонија ЃП – Борец
  2. Пелистер – Силекс
  3. Шкендија – А. Пандев
  4. Шкупи – Беласица
  5. Струга Т Л – Работнички
  6. Вардар – Ренова

Сите натпревари ќе се одиграат денес 14 април со почеток во 13.00 часот без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk