
Тиквеш забележа победа во третиот контролен натпревар против екипата на Феризај со резлутат од 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Александар Мишов.
Шефот на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов заедно со своите помошници шанса им дадоа на сите фудбалери кои ги имаат на располагање.
Кавадаречкиот прволигаш на 1. февруари заминува на подготовки во Дојран каде што ќе се одиграат неколку контролни натпревари.


