
Фудбалерите на Брегалница продолжуваат максимално со подготовките и за време на репрезентативната пауза во Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб Горан Здравков продолжува со максимални подготовки на тимот за се она што го очекува до крајот на сезоната.
На тренинзите недостасуваат Иван Николов и Михаил Димитриевски кои се на собирот со репрезентацијата на Македонија до 21 година, како и Дино Михолов кој е дел од репрезентацијата на Македонија до 19 години, а недостасува и Халид Лвалива кој е повикан во репрезентацијата на Уганда.
Штипските „сини“ репрезентативната пауза ќе ја искористат за да одиграт пријателски натпревар со Беласица во Струмица во сабота (25. март) со почеток од 15:00 часот.
Во рамки на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига Брегалница ќе се соочи со Тиквеш на 2. април во Штип.

