Филип Деспотовски е нов тренер на второлигашот Кожуф

Второлигашот Кожуф од Гевгелија експресно назначи нов тренер по оставката на штипскиот стратег Трајче Сенев. Кожуф за нов тренер го назначи Филип Деспотовски кој последно ја водеше екипата на Тетекс од Тетово.

По поднесената оставка на тренерот Сенев, беше свикан состанок на управниот одбор каде беше прифатена оставката и беше одлучено кормилото да го превземе Филип Деспотовски.

41-годишниот стратег во својата тренерска кариера беше асистент во лигата на Саудиска Арабија во тимовите на Најран, Најерни и Хатта, како и Емирати во Обединетите Арапски држави. Исто така беше и тренер во фудбалската школа на Вардар каде е избран за најдобар младински тренер.

Од Кожуф му се заблагодарија за досегашната соработка на Сенев и му посакаа успеси во иднина, а на Деспотовски му посакаа добредојде во црвено-белата фамилија и му посакаа добри резултати и успеси во преостанатиот дел од сезоната.

Александар Ванев, М-Нет