
На натпреварот од Трета лига – Југозапад кој се играше во селото Волино, општина Дебрца меѓу ФК Сатеска и гостинот Преспа од Ресен, физички бил нападат фудбалер на гостинскиот тим.
На 13.04.2025 во 22.00 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија С.Б.(43) од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Натпреварот заврши без победнил (1:1) за поделба на бодовите, а ова беше дерби за првото место меѓу Сатеска која е втора и Преспа која е лидер на табелата.
Александар Ванев, М-Нет