
Осмифиналето од фудбалски Купот на Македонија не е комплетирано, а истото ќе биде затворено со одигрување на уште шест средби, по што ќе бидат познати сите патници во четвртфиналето.
Само два натпревари веќе беа одиграни и се познати две екипи кои се чекираа во четвртфиналето, а тоа се второлигашите Детонит Плачковица и Охрид.
Во однос на останатите средби. На 21 октомври ќе бидат одиграни четири средби, една средбна на 22 октомври, а осмифиналето ќе се комплетира дури на 19 ноември.
На 21 октомври Башкими ќе се соочи со Силекс, Македонија ЃП против Струга Трим Лум, Работнички ќе го пречека второлигашот Брегалница, додека пак Шкендија Арачиново ќе игра со прволигашот Пелистер.
На 22 октомври бранителот на Куп титулата, Вардар, ќе игра против второлигашот Новаци. Осминафиналето го затвараат Шкендија и Тиквеш кога ќе биде познат последниот патник во четвртфиналето, а меч кој е закажан за 19 ноември.
Александар Ванев, М-Нет