Уште во првото коло дерби меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, Вардар отвара против младите пелистерци

ФОТО: Александар Ванев

Новата сезона на ракометната Супер лига уште во првото коло носи големо дерби кое ќе се одигра покрај Охридското Езеро односно во спортската сала „Билјанини Извори“ – освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, Охрид ќе го пречека вицешампионот Еурофарм Пелистер.

Прво коло и веднаш голема дерби пресметка на две екипи кои и годинава ќе конкурираат за шампионска титула.

Шампионот Вардар сезоната ја отвара на домашен терен против младите пелистерци односно против Еурофарм Пелистер 2, а пак Алкалоид ќе игра против Мулти Есенс.

Бутел Скопје ќе го пречека повратникот Младост Богданци, Пролет ќе биде домаќин на Тиквеш, а пак Прилеп ќе игра против Куманово во рамки на првото коло.

Сезоната стандардно се отвара со Суперкупот меѓу Охрид и Вардар.

Александар Ванев, М-Нет