Утре ќе се одржи „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2024 година“

Утре, со почеток од 17 часот во Домот на културата во Македонска Каменица, ќе се одржи свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2024 година“, а во организација на здружението на граѓани „Багери“ од Македонска Каменица,

„Со особена чест и задоволство, Ве поканува на свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2024 година. Програмата од манифестацијата „Спортист на годината“ покрај доделувањето на признанија за нашите најдобри спортисти и спортските клубови од нашиот град, предвидува промотивни и поздравни обраќања и говори на истакнати личности од областа на спортот и од заедницата, како и пригодна културно-уметничка програма за збогатување на свеченоста. Ве покануваме да бидете дел од овој значаен настан, да ги поздравиме и заедно да им честитаме на најуспешните од областа на спортот за 2024 година во Македонска Каменица“, вели Звонко Прангов, претседател на здружението на граѓани „Багери“.

Ваквите манифестации се одлична можност да бидат наградени и да им се додели признание на оние спортисти кои во претходната година оставиле голем спортски траг.

Александар Ванев, М-Нет