Утре се празнува Благовец – празник на радосната вест и пролетната убавина

Утре православните христијани го презнуваат Благовештение, еден од најголемите христијански празници. Празник на радосната вест и на пролетната убавина Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец.Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Името на овој празник кажува дека на тој ден светиот архангел Гаврил, доаѓа кај Богордоица и ја соопштува радосната вест дека светата Дева ќе зачне и ќе го роди по плод и по тело нашиот Господ.

„Светата провславна црква утре го празнува еден од најголемиоте празници, а тоа е Благовештението. Самото име кажува за овој празник, овој ден светиот Архангел Гаврил доаѓа кај светата владичица Богордица, ја соопштува радосната вест дека на еден надумен и неразбрилив начин, светата Дева ќе зачне и ќе го роди по плод и по тело нашиот Господ.“ – изјави Арсовски

Дециден е дека овој празник е голем по својата величина, па според тоа светата црква благословува на трпезите да се поставува риба. Утре ќе се боглужи и литургија во чест на овој празник, па ги покануваат верниците да земат учество.

„Овој празник е и Господов и Богородичен и е голем по својата величина, па според тоа светата црква благословува за радоста, на трпезите да се употребува и риба.Секаде утре, нели недела ќе се богослужи литургија во чест на овој празник. Ги покануваме сите верници да земат активно учество, оние кои што имаат благослов, можат да пристапат и да се причестат, а оние кои немаат благослов нека не пристапуваат.“ -додава Арсовски

Инаку прзникот Благовец се празнува секогаш на 7 април, некои од луѓето овој празник го сметаат и како прв Велигден. Празник во кој се вели дека луѓето кои имаат благослов, може да пристапат и да се причестат, а оние кои немаат да не пристапуваат. Воедно на граѓаните им посакуваат убав празниќен ден, поминат во мир и спокој.

Лаура Стојанова, М-Нет