Утре премиерно ќе се изведе претставата „Случајната смрт на еден Анархист“ во штипскиот театар

Утре во 20 часот ќе се одигра премиерата од претставата „Случајната смрт на еден Анархист“. Станува збор за комедија на Дарио ФО, во режија на Ивана Ангеловска, пишувана по вистинска случка.

„Станува збор за преставата „Случајната смрт на еден Анархист“ во режија на Ивана Ангеловска. “ – вели

„Тргнавме да направиме една претстава која се бави со истражување на вистината, со перцепцијата за вистината, со манипулацијата на граѓаните. Пробавме да отвориме некои прашања за тоа како се креираат вистината. Станува збор за сатиричен текст“ – вели Ангеловска.

И актерите се задоволни од своите улоги, додавајќи дека за првпат премиерно оваа претстава ќе се изведе во народниот театар пред штипскта публика.

„Јас имам една реплика во отворањето на самата претстава и после 55 години приказната е се уште актуелна. Јас го играм ликот на инспекторот, всушност тоа беше машки лик, но еве одлучија да го играм јас“ – вели Минчевска Андонов.

Во вторник во 20 часот ќе се изведе и реприза од претставата „Случајната смрт на еден Анархист“.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет