Управниот одбор на ФФМ со донација од 15 000 топки за клубовите во сите категории

Управниот одбор при Фудбалската Федерација на Македонија на својата последна седница помеѓу останатите, донесе одлука која се однесува за клубовите во сите категории. Имено се работи за набавка на 15000 топки со ознака FIFA QUALITY PRO IMS кои ќе бидат распределени на клубовите во сите категории од натпреварувањата во рамките на ФФМ. Со еден збор со оваа донација ќе бидат опфатени клубовите од Прва лига, потоа од двете Втори лиги, клубовите од сите Трети лиги, екипите од Младинските лиги како и клубовите од Женската лига на Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk