
Европската култура никако да пристигне во Штип. Иако службите секојдневно чистат, сепак улиците и парковите разденуваат со пикавци, отпадоци и губре. Граѓаните на терен велат, несвеснота повторно победува, а на прашањето кој прави вакви нереди, категорични дека најголем процент младите.
Прашани дали порано сликата била иста, штипјани децидни дека била, ниту порано, ниту сега, велат има некакви промени.
За да има ред, анкетираните се децидни дека се потребни казни. Она што понатаму останува е тоа колкава е свеснота за да чува природата и заедницата чиста и здрава, со оглед фактот дека културата во останатите земји е на прво ниво. Овде според граѓаните е потребно најпрво домашно воспитување, како и повеќе едукација.
Иван Митев, М-Нет