Улиците во Штип чисти од снегот, граѓаните делумно задоволни од работата на ЈП Стипион

Новите врнежи од снег во Штип овој пат не ги изненадија надлежните. Уште во текот на вчерашниот ден кога врнежите беа пообилни екипи од ЈП Стипион беа на терен во расчистување на улиците од прв, втор и трет степен. Се чистеа и патиштата кон околните села, за денеска веќе сите да се проодни.

„ Во текот на последните 24 часа на територијата на Општина Штип имавме обилни врнежи на снег. Меѓутоа, екипите на ЈП Стипион излегоа веднаш и можам да кажам дека сите улици од прв, втор и трет карактер се исчистени со исклучок на некои мали улички во градот кои што ги чистиме во текот на денешниот ден. Овие 24 часа исфрливме 25 тони сол 17 метри кубни песок. Исто така се пробиваат и патиштата до селата кои што се на територија на Општина Штип“ – кажа ефтимов.

Ги прашавме и граѓаните во општина Штип колку се задоволни од работата на ова јавно претпријатие откако има нов вд директор, но и дали улиците во нивното место на живеење се наврмеено исчистени.

„Трудат се колку можат. Некогаш се ажурни, некогаш не.“

„Добро е ама и они имаат некоја маана. Кај мене на пример бетонска улица они фрлаат сол“

Како што додаде Ефтимов има се уште доволно количина на сол и ризла, вработени и механизација, па спроед него новите врнежи од снег нема да преставуваат изненадување за Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет