
Угостителите кои организираат прослави по повод празниците да издаваат фискални сметки – потсетува УЈП – Дирекција Штип. Обврска да склучат договор имаат и угостителите кои ангажираат музичари или естрадни уметници за престојните празници. Дополнително, физичките лица кои сакаат да учествуваат на новогодишниот базар имаат обврска за паушално плаќање на данокот за вршење на дејност од времен карактер.
„Истата обврска ја имаат сите угостители да го евидентираат прометот, да издават фискални сметки, да имаат соопштенија во просториите, а исто така обврска на купувачот е да ја чува фискалната сметка. Угостителите кои ангажираат музичари или уметници имаат обврска да склучат договор за повремено или привремено вршење на услуги и преку системот на УЈП да го пријават“ – вели Данкова.
За неиздавање фискални сметки и непочитување на Законот за готовинското плаќање следуваат санкции. Во зависност од големината на правниот субјект, казните се во висина од 300 до 10 000 евра.
„Доколку еден обврзник на издаде фискална сметка се доставува барање до прекршочната комисија и се издава прекршочен платен налог. Износот во налогот треба да биде платен во рок од осум дена. Доколку се плати во рок од осум дена сумата се преполовува, но доколку не се плати УЈП издава забрана за вршење на дејноста во рок од 15 дена.“ – вели Данкова.
Од УЈП апелираат и оние кои издаваат станови, викендици за прослава и слично имаат обврска преку е даночни услуги да достават пријава за издадениот простор под закуп. Ако не се поднесе соодветна пријава следуваат казни во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност.
Лаура Стојанова М-Нет