
УГД Штип со демант на текст објавен во оналјн медиум. Во текстот се наведува дека повеќе од 30 лекари од приватни клиники незаконски предаваат на Медицинскиот факултет „Гоце Делчев” – Штип .
Во соопштението испратено од УГД стои дека Универзитетот „Гоце Делчев”, преку своите служби, е целосно достапен за медиумите и јавноста.
Секогаш охрабруваме да се консултираат засегнатите страни и така информациите да бидат комплетни, а јавноста целосно информирана.
Универзитет „Гоце Делчев” ги прави сите напори, во рамките на законите, да ги обезбеди најдобрите и најстручните кадри, а само со единствена цел, поквалитетно образование и настава за студентите.