Тројца починати и двајца тешко повредени во сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Тројца починати во сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип Радовиш, според привични информации станува збор за тројца работници од Бангладеш. Повредени се возачот од струмичко и уште едно лице. Денеска (12.09.2025) во 08.13 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко, излетало од мостот. Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. Увидот е во тек.

https://www.facebook.com/mnethd/videos/2010910486415334/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v