Трифонов: Не верувам дека постои функционер што ќе ја предаде Ива Михаилова, можете само да читате како закрепнува и живее слободно во својата татковина

„Северна Македонија издаде меѓународна потерница по Ива Михајлова, со цел таа да биде вратена во земјата, уапсена и задржана во притвор најмалку 30 дена. Навистина е смешно и патетично токму оние луѓе што не ги почитуваат договорите – кои ги занемаруваат договорите потпишани со Бугарија, го игнорираат Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, го отфрлаат „францускиот предлог“ на ЕУ и ги кршат своите обврски кон самата ЕУ – да зборуваат за меѓународното право“, пишува на социјалните мрежи лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов.

„Искрено, ми се гади од овие патетични и искомплексирани поединци кои ја крадат бугарската историја и целото свое бедно чувство за сопствена вредност го градат врз омразата кон нас. За првпат, ќе си дозволам да им кажам нешто на Македонците – кои, всушност, се Северномакедонци:

‘Знам дека моите зборови допираат до вашите уши и очи и знам дека ќе го слушнете и видите она што го напишав. Ние сме Бугари! Имаме историја долга над 1.300 години! Отсекогаш сме се нарекувале Бугарија! И сите нации знаат дека сме Бугари, го знаат името на нашата земја и ја знаат нашата историја, бидејќи сме една од најстарите држави во светот! И без оглед колку тоа не ви се допаѓа, што и да зборувате, што и да измислувате, колку и да сеете омраза и непријателство, и како и да се нарекувате себеси – вие сте Бугари. Отсекогаш сте биле и секогаш ќе бидете. А особено вие во Северна Македонија – вие што го слушате или читате ова во моментов – порано или подоцна, ќе попуштите и ќе бидете асимилирани. И да ви кажам нешто како Бугар. Ние, Бугарите, не предаваме! Без оглед колку ја критикувам државата во моментов, не верувам дека постои и еден владин функционер способен да ја предаде Ива Михајлова! Зашто, драги Северни Македонци, ние, Бугарите, пред сè сме Бугари, а сè друго е на второ место.

Затоа, ставете си го ова во глава: Ива Михајлова ќе остане во Бугарија и ќе се лекува во болницата „Пирогов“.

А вие… можете само да читате за тоа како Ива Михајлова закрепнува и живее слободно во својата татковина!’“, додава тој.

Текстот Трифонов: Не верувам дека постои функционер што ќе ја предаде Ива Михаилова, можете само да читате како закрепнува и живее слободно во својата татковина е превземен од МАКФАКС.