Трета сообраќајна незгода денес во Штип

Трета сообраќајна незгода се случи попладнево во Штип. Автомобил изгубил контрола, удрил во бандера и се превртел. Екипи на СВР Штип се на терен и ги утврдуваат причините за несреќата. Се уште нема информации за евентуални повредени лица. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.