
На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Едногласно беше прифатен предлогот на работната група (Агим Ибраими, Сашо Здравевски и Игор Франговски) за промена на системот на натпреварување во македонските фудбалски лиги.
Со оваа одлука: Се усвојува нов систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27. Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.

Трета лига во иднина ќе биде во шест регион, еден повеќе, досега беа пет региони. Од Втора лига следната сезона ќе испаднат пет екипи, а три ќе играт бараж за опстанок, а од сезона 2026/2027 ќе испаднаат по три екипи директно, нема да има бараж за опстанок во Втора лига.
Шампионите во шесте третолигашки региони меѓусебно ќе играат бараж, трите победници ќе бидат нови второлигаши.
Александар Ванев, М-Нет