Трајче Стојчевски е новиот претседател на СДММ, вети напорна работа и многу резултати

Трајче Стојчевски е новиот претседател на Социјалдемократската Младина на Македонија. на 26. изборна конференција, едногласно од страната на младите социјалдемократи тој беше избран за претседател. Упати благодарност до сите за функцијата која ја доби и вети напорна работа бидејќи во прашање се големи предизивици.

„Исправени сме пред големи предизвици како за младината и партијата така и за целата наша генерација. Затоа како претседател приоритет број еден ќе ми биде прво формирање на централно раководство, а потоа формирање и на локални раководства. Имаме доста за работа“ – вели Стојчевски.

Стојчевски потекнува од локалниот клуб на СДММ Штип, досега ги има поминато сите скалила во младината, бил член на Извршниот одбор на локалниот клуб, потоа Претседател а досега ја извршуваше и функцијата Потпретседател на СДММ.

Лаура Стојанова М-Нет