Традицијата продолжува, Работнички ја победи Брегалница на „градски“ во Штип

Отсутството на штоперите и капитените на Брегалница Јован Манев и на Даниел Мојсов и те како се осети на денешниот натпревар Брегалница – Работнички на кои штипските сини го доживеаја првиот пораз есенва на свој терен. Џабе беше и силната подршка на промрзнатите гледачи на градски кои очекуваа сигурна победа против годинава променливиот Работнички, а доживеаја есенска разделба со пораз. По одиграните први 45 минути немаше гол, за да продолжението донесе нови моменти во само 10 минути. Брегалница играше, создаваше шанси во кои фалеше или прецизност или себичност кај поединци кои ги преценија своите шутирајќи далеку од голот на Ристо Јанков. Тоа го искористија играчите на Работнички кои ги „ловеа“ грешките на штипјани и постигнаа два гола за само 9 минути. Најнапред гол постигна Марјан Ристовски во 56 м. за водство на Работнички од 1:0. Се играше 60 м. и нова грешка на домашните играчи ги чинеше нов гол во нивната мрежа а стрелец за 2:0 на Работнички беше Димитар Тодоровски. Неизвесноста на мечот ја врати Мартин Стојанов во 65 м. постигнувајќи гол за резултат 2:1. И тоа беше се, зачудуваат пропаднатите шанси на Брегалница кога во решавачките моменти не постигнаа нов гол, иако беа во идеални позиции. Еве ги комплетните резултати од ова 17 вонредно коло:

  1. Скопје – Струга ТЛ 1:0
  2. Шкупи – Шкендија 1:1
  3. Пелистер – Борец 1:3
  4. Македонија ЃП – А. Пандев 4:1
  5. Ренова – Тиквеш 1:1
  6. Брегалница – Работнички 1:2

ТАБЕЛА

  1. Шкупи 39
  2. А. Пандев 32
  3. Шкендија 31
  4. Ренова 27
  5. Брегалница 26
  6. Македонија ЃП 24
  7. Струга ТЛ 23
  8. Работнички 22
  9. Скопје 20
  10. Тиквеш 15
  11. Борец 12
  12. Пелистер 5

Последното есенско 18 коло же се одигра комбинирано во овој викенд, а Брегалница во сабота ќе гостува на Тиквеш во Кавадарци.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk