
70 кривични пријави поднесени за сторители за случајот со трагедијата во кочанската дискотека Пулс. Меѓу нив и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, рече дека МВР постапува според законот без заштита, слеективност и без двоумење.
,,Во случајот со трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, МВР спроведе сеопфата истрага. Поднесени се кривични пријави против 70 сторители, меѓу кои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност, без заштита, селективност и без двоумење.“, рече Тошковски
Тошковски по повод денот на полицијата, денес рече е обврска да се продолжи со професионалност, со отчетност и со посветеност кон македонските граѓани. На ова се доврза дека македонската полиција ќе продолжи да се менува, расте и да се подобрува и дека ќе биде симбол на редот и на правдата.
,,Да продолжиме со професионалност, со отчетност и со посветеност кон македонските граѓани. Македонската полиција ќе продолжи да се менува, да расте, да се подобрува. Ќе биде симбол на редот и на правдата. Ќе инспирира и ќе дава доверба. Ќе биде чест да се носи македонската униформа.“, додава Тошковски
Дополнително Тошковски посочи дека МВР ќе продолжи со работа, ќе набавува нова опрема, нови униформи. Проектот безбеден град според министерот е повеќе од техничко решение и тоа е визија за сообраќајна култура. Тој истакна дека МВР не е веќе затворена институција , туку е отворена и чекори рамо до рамо со граѓаните.
Иван Митев, М-Нет