Тик-ток се уште е опција за забрана од институциите , помладите со став дека тој е корисен

Забрана за користење на апликацијата тик ток е можност која стои на располагање на надлежните институции. Младите од Штип, истакнуваат дека тик токот не треба да се забранува за користење, бидејќи истиот пружи голема можност за едукација и информација, кога се користи за едукативни содржини. Едногласни дека тој е штетен само кога се користи за други цели.

Друг дел велат дека треба да се забрани, бидејќи тој е штетен за најмалите, кои постојано се на телефоните.

Во согласност со ситуацијата веќе изработено е упатство што било споделено со Педагошката служба од Министерството за образование и наука. Ова упатство ќе биде насочено кон сите наставници во сите училишта, основни и средни, да поразговараат со децата, со учениците за предизвикот што се случуа со социјалните мрежи.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет