Тиквеш и Кожуф денес ќе одиграат пријателски меч во Дојран

Прволигашот Тиквеш се пресели во Дојран каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките за пролетната полусезона, а таму ќе одигра и три пријателски натпревари.

Веќе денес се игра првиот контролен натпревар против второлигашот Кожуф од Гевгелија. Овој натпревар ќе започне во 14:00 часот. Следен тест за Тиквеш ќе биде на 4. февруари против Детонит Плачковица, а на 7. февруари е закажана контролка со Каменица Саса.

Претходно Тиквеш со 1:0 беше подобар од Феризај, со 3:0 беше подобар од Слога Виница, а со 1:0 загуби од Брегалница во Штип.

Кожуф веќе има одиграно два пријателски натпревари. Загуби од прволигашот Работнички со 0:3 во Богданци, ремизираше со Беласица во Струмица (1:1), а со минимални 1:0 загуби и од Детонит Плачковица.