
Овој викенд ќе се играат натпреварите од деветото коло на плеј-офот и седмото коло на плеј-аутот на Првата ракометна лига.
Ракометарите на Текстилец УГД утре во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип со почеток од 16 часот ќе се соочат со Астраион од Струмица. Штипјани ќе бидат фаворити поради домашниот терен и домашната публика, а ова ќе биде дерби за третото место на табелата во плеј-аутот. Штипјани се трети со девет бодови, а струмичани се четврти со седум бодови.
Во понеделник Партизан на домашен терен ќе игра против екипата на Аеродром, а во рамки на оваа коло слободни ќе бидат екипите на Преспа Вардар и Шампион.
Во плеј-офот Македонија ЃП против Мулти Есенс ќе игра во понедленик, а дури во вторник Младост во Богданци ќе ја пречека јехона. Утре Драчево ќе игра против Овче Поле, а колото се отвара вечер со мечот меѓу Вардар Неготино и Еурофарм Пелистер 2, а битолчани стана шампиони и експресно се вратија во Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет