
Колку денес се посетуваат културните институции, домовите за култура, кината и театрите во Штип? Претстави секојдневно, месечни програми во речиси сите културни институции во општините од Источнио дел. На терен ги прашавме граѓаните во Штип, дали имаат време и колку често посетуваат театар или кино. Секој со своето мислење, но заклучно е дека денес поретко се користи слободното време за посета на овие институции и често пати знаат да бидат празни.
„ За време на Југославија беше подобро, сега никој нема, никој не оде.Гледам некогаш одам на театар, но никој не оде. Народот веќе избегнува, немаат пари. И лето и зимо се одеше на кино а сега не слушам такви муабети, исклучиво дома телевизорот. Треба да одат тоа претпоставувам за мене претставува научно нешто , наука. Виде природи, биде истории, виде се нешто“ – велат граѓаните.
Според денешните истражувања, намален е процентот за посета на оваа гранка од една стран а од друга страна постарите граѓани сведочат за едно поинакво време. Ред се чекало за да се влезе во кино, велат тие додавајќи дека за нив преставува едно од најубавите доживувања.
“ Порано одевме на кино преку една вечер, дваесет денари по двајца се собиравме и седевме на први ред, ќе се степавме, правевме и фалсификат карти за да улеземе во киното, театарот исто така“
“ Имаше истакнато вечер кои филмови ќе ги даваат и од колку саатот до колку, од таа страна на реката од десната страна, гледаш и ти извадат карта. Па имаше дружба, сега нема дружба со кој народ ќе седнеш , луѓе нема, луѓе не останаа. Кај киното секавам се, вака беше народ и од другата страна и од оваа. Корзото одеше до Бриони и имаше некоја активност каква таква, сега дали компјутерите, дали телефоните го расипаа тоа не знам. Тоа време Винето, минето, каубојските тие ги гледавме повеке и Тарзан. Во минатото тоа претставуваше добра разонода. Јас работи пет-шест години на фестивалот Мак-фест и тоа ни беше интересно и убаво“
Современиот живот е една од причината за намалување на бројот за посетеност во ваквите институции а дали ова е само случај во регионот е прашање кое се уште останува не одговорено?
Лаура Стојанова, М-Нет