
Со девет лекови проширена позитивната листа истакна денес министерот за здрваство Арбен Таравари. Кој посочи дека со посебна чест ја истакнува оваа инофрмација откако од 2009 ја немаат проширено листата на позитивни лекови. Единствено листат се проширила во 2014 со еден лек. Дециден дека новите девет лекови, се нови девет генерации кои што се скоро неизбежни за повеќето болести.
„ Мене ми е посебно чест да ви јажам дека после 2009 година, само во 2014 година имало само еден лек. Сега се прошири позитивната листа со девет нови лекови, девет нови генерици кои што се скоро неизбежни за повеќето болести во Република Македонија, така да ќе имамем нови антихипертензиви, нови антикоагуланси, антидепресиви. Јас денеска штом се вратам треба да потпишам, бидејќи во управниот обдор и фондот за здравство е минато по наш предлог од министерствот за здравство. Ова е вест која вреди да се прошири и да се каже, а ние ќе продолжиме вака после шест месеци планираме да ја прошириме плус листата со уште неколку лекови .“, додава Таравари
Министерот Таравари истакна дека ваквата вест е многу вредна за сите граѓани, а во следниот период по шест месеци се планира зза да се прошири листата со уште неколку лекови
Лаура Стојанова, М-Нет