
Тамер Јамаковски е нов директор на штипската Библиотека. Јамаковски од денеска е на оваа функција и е четврто лице на раководната позиција за две години. На почетокот на 2022 на ова функција беше Тодор Џидров, од септември 2022 година на истото место беше Билјана Миладиновска, а во мај годинава за в.д. директорка беше назначена Ивана Стојанова.
Јамаковски претходно директоруваше со штипската Гимназија, а за истата функција беше пријавен и на последниот конкурс, но не и избран за раководната позиција.