Талентираниот фудбалер Алекс Митров со трансфер во Италија: Голема фудбалска надеж!

Младиот фудбалер Алекс Митров од Беласица направи трансфер во Италија, каде кариерата ја продолжува во екипата на Трст, со што соработката е веќе официјализирана и 19-годишниот талентиран фудбалер ќе го облече дресот на италијанскиот клуб.

Младиот Митров е роден во Швајцарија, но неговото потекло е од Струмица, во својата кариера настапуваше во Швајцарија за младинските погони на гигантот Јанг Бојс, од каде дојде во струмичка Беласица, а со одлични игри беше ставен на радарот на италијанскиот Трст каде и ја продолжува кариерата.

Митров вели дека му е чест што играл за клуб од родниот град на неговите родители, а талентираниот фудбалер има настапи и за младинските репрезентации на Македонија, до 17, до 18 и до 19 години.

Повеќе од сигурно е дека пред Митров претстои блескава фудбалска кариера која се развива во реномирани екипи ширум Европа, а Македонија има голема фудбалска надеж и за сениорската А репрезентација.

Александар Ванев, М-Нет