Сo богата програма за дечињата одбележан денот на имунизацијата и во Штип

Со богата програма за дечињата, музика и едукација, денес се одбележа европскиот ден на имонизацијата и во Штип. Под мотото Имонизацијата придобивка на сите, лекарите денес дадоа препораки и апел за вакцинација со цел да се спречат болестите, кои се од висок ризик. Педијатарот Драгана Миновска-Рунтева, посебно со совети за имонизација, бидејќи како што истакнува за медиумите, истата е потребна за да децата стекнат имонитет кон болестите за кои се уште нема лек или се со тешки последици.

Под мотото имонизација придобивка на сите. Оваа година се одбележува во периодот од 27 април до 3 мај. Сакаме да дадеме важност на значењето на вакцините, како и нивната придобивка од самата имонизација во однос на болестите кои што немаат лек и завршуваат со смртен исход. Имонизацијата е најважна алатка во спречувањето на глобалната епидемија. Таа е потребна најмногу за тој предвремен стекнат имонитет, кој што би го добиле со вакцина, а воедно по тој начин би создале имонитет кон одредена болест, која што се уште нема лек или пак има тешки последици од самата болест.“,рече Миновска-Рунтева

Голем апел за да се вакцинираат децата, упати и директорот на здравствениот дом во Штип, Горан Андонов, истакнувајќи дека вакцините се безбедни и испитани од светските центри

Инаку, настанот се оддржа утринава на плоштадот во Штип, а истиот беше проследен со богата програма за дечињата. Присуствуваа и родители, баби, дедовци, како и градоначалникот Јорданов заедно со претставниците на локалната самоуправа.

Иван Митев, М-Нет