Сѐ уште се работи на расчистување на изгорениот стан во Штип, недела дена по пожарот

Речиси недела дена по пожарот во стан на улица Широк дол број 5 во Штип, и денеска сѐ уште се работеше на расчистување на изгорените работи во станот. Вработени во ЈП Исар недела дена интезивно работат на чистење на изгорениот стан. Само денеска се исфрлени пет приколки со ѓубре, а велат има уште многу. Миризбата и денес неподнослива, сликата на црни ѕидови ќе стои уште долго велат станарите. Снежана Шалева пред камерите на М-Нет телевизија вели дека се задоволни од Локалната самоуправа, направен е увид за санирање на штетата, и очекуваат обештетување.

„Од страна на градоначалникот си беше сѐ во ред еве сега моментално го исфрлаат ѓубрето од станот. Кај нас се зема изјава дојдеа на лице место видеа што е оштетено и ветија дека се ќе се поправи. Дојдеа мајстори земаа мера, за промена на прозорците, треба ајде кречи така им благодариме на Локланата самоуправа. “ – истакна Шалева.

Жената чии стан изгоре во неделата е сместена на Одделот за психијатрија при Клиничка болница Штип потврдија од болницата. Каде ќе биде сместена односно згрижена по завршување на хоспитализацијата сѐ уште е неизвесно, бидејќи до сега до Центраот за социјални работи Штип, нема поднесено барање од нејзина страна или од страна на незјини блиски за сместување, уверува директорот. Таа од 2014 година зема пензија, со што се ограничува делувањето на центарот.

ЛаураСтојанова М-Нет