
Познати се судиите кои се делегирани да ја делат правдата на натпреварите од 24. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Штипјанецот Стојанче Стојанов ќе биде главен судија во Радовиш каде ќе им суди на Детонит Плачковица и Борец, Пларент Салихи ќе ја дели правдата на мечот меѓу Вардар Неготно и Брегалница, Марјан Младеновски на Кожуф и лидерот Македонија ЃП.
Кирил Смоквоски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Скопје и Арисми, Марјан Дејаноски ќе им суди на Осогово и Беласица, додека пак Никола Петковски ќе биде главен судија на мечот меѓу Вардарски и Охрид.
Ангелчо Ристов ќе им суди на Каменица Саса и Башкими, а пак Александар Василевски на Новаци и Победа.
Колку за потсетување, утре на М Нет телевизија ќе можете да го следите натпреварот меѓу Вардар Неготино и Брегалница, а на спортскиот канал М Нет Спорт мечот меѓу Осогово и Беласица. Преносите ќе започнат во 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет