Сточарите се соочуваат со недостиг на сточна храна, цената моментално достигна до 16 денари

Сточарите се соочуваат со недостиг на сточна храна. Ваквиот случај според претседателот на национална мрежа на земјоделци Ѓорги Каракашев е поради не направената стратегија за да се зачува резервата на домашното производство, наместо да се извезува огромна количина во соседна Грција и тоа за скромни 8 денари. Тој вели дека земјоделците се сведоци за растот на цените на храната, која најевтино може да се најде за 12 денари.

“За жал значи поради погрешни политики оваа година имаше и повеќе од д оволната количина на сточната храна, меѓутоа огромни количи се извезуа во соседна Грција и тоа за некој багателни ц ени од некој 8 денари. Така да сега о моментот точно дека се соочуваме со некој дефицит на сточната храна, а тоа е се поради што не се направи една стратегија да се зачуват тие резерви за домашно производсто и ние сме сведоци дека имаме раст на тие цени, така да моментално секојдневно растат цените на сточната храна. Сега се движи над 12 денари.“, вели Каракшев

Сите што беа домакини си обезбедија сточна храна на време и тоа евтина до 9 денари, истакнува Гоце Серафимов, потпретседателот на асоцијаца на земјоделците. Вели дека само незобилните сточари можат да тврдат дека во моментот храната треба да биде до 9 денари.

Инаку со новата програма од сега субвенцијата за основно стадо за мајките се покачува и истата изнесува 4000 денари по грло маторица, а според сточарите тоа е добра мерка со која се надеваат дека сите ќе бидат задвоолни.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет