
Училишното ѕвонче го означи почетокот на второто полугодие од учебната 2021/22 година. Со физичко присуство, учениците седнаа во училишните клупи и во СОУ Љупчо Сантов во Кочани, но и со почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид 19. Средношколците со став дека наставата со физичко присуство нуди многу поквалитетен начин на образование, согласни дека првото поугодие кочанската гимназија понудила квалитетна настава.
„Првото полугодие беше одлично поради тоа што почнавме нова година со физичко присуство и тоа беше одлична шанса за нас учениците да се социјализираме и повторно да се здружиме, бидејќи дефинитивно со она лајн наставата нашите односи беа одалечени“
„Јас смсетам дека првото полугодие помина одлично бидејќи ние имавме квалитетна настава, он лајн наставата не ни нуди квалитет воопшто и сметам дека вака е многу подобро и дека треба да одиме со физичко присуство“
Од училишниот менаџмент кажаа дека се подготвени за старт на второто полугодие.
„Целата зграда е темелно исчистена, дезинфенцирани се сите училници и тоалети. Имаме доволно дезинфекциски средства како за ходниците, така и за училниците. Ги почитуваме протоколите, има дежурства, на влезот на учениците им се мери температура. Доколку е забележана повисока температура од нормалната, се упатува ученикот дома. Досега не е забележан таков случај. Денеска наставата започна со физичко присуство, сите ученици редовно дојдоа на настава. Денеска нема забележано ковид – позитивни случаи во однос на професори и ученици. Доколку има такви случаи тие не се заразени во училиштето, туку од своите дома или надвор со луѓето кои комуницирале. Доколку во иднина се забележат ковид – позитивни случаи, ќе постапуваме според насоките од МОН.“ – кажа Иванова.
Првото полугодие според Иванова изминатите четири месеци немало голем број на позитивни случаи. Регистрирани се тројца заболени во првото полугодие. Тие се заразиле надвор од училиштето односно имале ковид – позитивен случај во семејството Со навременото реагирање ковидот не се раширил меѓу професорите и учениците.
Лаура Стојанова М-Нет