
Светскиот вице – шампион Емил Павлов со македонската Карате репрезентација се врати од Дубаи и на аеродромот во Скопје му беше приреден срдечен дочек од неговите најблиски, пријателите, другарите и многу искрени љубители на спортот воопшто. Емил Павлов беше испратен од Штип, токму од студиото на нашата Мнет редакција со аманет да го служи здравје и конечно да ја надополни својата витрина и со светски трофеј. Сликата беше френетична, емоционална проткаена со извиците „Емил Павлов ти си наша икона“…
Од нашата редакција Емил Павлов се упати во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов каде што му беше приреден прием на кој присуствуваа и неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски.

Градоначалникот Иван Јорданов покрај доделениот ваучер од 30.000 денари за Емил Павлов нагласи дека спортот и спортистите ќе бидат секогаш приоритет за нивно наградување и создавање на услови за нивен тренинг, подготовки и настап на многубројните натпревари.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk