
Ново игралиште во населба Балканска во Штип се уште нема, и покрај тоа шро градоначалникор Јорданов се фотографираше и го најави уште на крајот на минатата година, обвинија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека еден милион денари пари на грашаните се залудно потрошени.
„Колку градоначалникот од ВМРО ДПМНЕ, Јорданов се грижи и се залага за спортот и граѓаните најдобро покажува состојбата со спортското игралиште овде во населба Балканска. Ова игралиште е оставено недовршено, фушерајски и на подмол начин градоначалникот се подигрува и ги потценува граѓаните од оваа населба. Уште при крајот на месец декември минатата година, градоначќакникот се пофали и се фотографираше токму на ова место и најави модерно спорстко игралише, кое денес е во очајна состојба. Речиси еден милион денари пари на граѓаните залидно се потрошени заради лоштш мменаџирање на општината“ – кажаа од СДСМ Штип.
На ова Јорданов истакна дека грешката е кај изведувачот, истата е констатирана и изведувачот на сопствен трошок ќе го поправи игралиштето и истото треба да биде завршено до крајот на годината.,
„За првпат во историјата на Општина Штип по извшрени надзори на одредени објекти и проекти е констатирано неправилност и на истите тие изведувачи им е наложено на нивен трошок да си го изведат проектот кој е направен несоодветно.“ – вели Јорданов.
СДСМ нема што да кажат па затоа излегуваат со вакви прес конференции додава Јорданов. Според него се шират дезинформации и лаги, но игралиштето во населба Балканска ќе биде завшрено до Нова година на трошок на изведувачот.
Лаура Стојанова М-Нет