
Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип, во соработка со Центарот за трансфузиологија од Штип, организира крводарителска акција под мотото „Спортистите даруваат“.
Хуманитарната акција ќе се одржи во понеделник, 5 октомври 2026 година, во просториите на ФК Брегалница, во период од 10 до 15 часот.
Од клубот упатуваат повик до своите навивачи, спортисти и сите останати граѓани да се приклучат кон акцијата и со своето дарување да дадат придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв.
Во повикот од Брегалница се истакнува дека акцијата е дел од хуманитарните активности на клубот, со која спортот уште еднаш покажува дека има важна улога и надвор од спортски терени.
„Спортистите даруваат“ ќе се реализира на Градскиот стадион во Штип, а од ФК Брегалнциа ги повикуваат сите кои се во можност да бидат дел од оваа хуманитарна иницијатива.
Александар Ванев, М-Нет