Со 250 хектари површина на државно земјиште се здобија земјоделците од Овче Поле

Со 84 договори за земјоделско земјиште во државна сопственост од 250 хектари се здобија земјоделците од овчеполието. Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, денес го изврши доделувањето на истите и легализираше повик за веќе постоечки насади. Со овој процес се овозможува земјоделците да ги користат сите мерки кои што државата ги има на располагање, каде што адекватно и тие исто ќе имаат обврски спрема државата, истакна министерот.

“Денес сум овде во Свети Николе, каде што практично ќе го заокружиме процесот на јавните повици кои што беа објавени во минатото. За ваша информација склучени се 967 договори на ниво на Р.Македонија за површина од 2700 хектари . Овие јавни повици што во минатото беа објавени се однесуваа за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и еден повик беше за легализација на веќе постоечки насади. Практично со ова заокружување на овој процес на сите земјоделци ќе имат право да ги користат сите мерки кои што државата ги има на располагање, а од друга страна ќе си го имаат регулирано својот статус, односно ќе имаат и обврски спрема државата. Овде во Свети Николе на ниво на подрачна единица се склучени 84 договори со површина од 250 хектари.“, вели Трипуновски

Од почетокот на месец септември министерството за земјоделие ќе вклучи нов јавен повик за јавни огласи за преостанатото слободно државно земјиште, кое е планирано да се стави во функција за земјоделско производство, истака Трипуновски.

Она што сакам да го упатам како апел до земјоделците кои што ве следат е дека во наредниот период од почетокот на месец септември министерството ќе вклучи јавни повици за јавни огласи за преостанатото sслободно државно земјоделско земјиште се со цел да го распределиме и ставиме во функција за земјоделско производство. Жалам што во минатото имало одредени злоупотреби кои што ние како министерство ги констатиравем во изминатиот период, но нашата цел е да целото земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци заврши и биде во функција за процес на обработка т.е производство.“, додава Трипуновски

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, истакна дека со ваквата ситуација ќе нема повеќе незадоволни земјоделци, а едногласно тоа го потврдуваат и земјоделците од овој крај.

“Конечно работите си доаѓаат на свое место, ќе немаме незадоволни земјоделци, како што имаше порано. Имаме одлична соработка со министерот и со директорот на платежната агенција:”, истакна Владев

“Ова е можност за работа и егзистенција. Благодарност до министерот и ова е мотивација џза работа“, додаваат земјоделците

Инаку, целта на ваквиот проект е да се стават во функција државното земјиште се со цел да се придонесе обостранен ефект, каде покрај што ќе се нуди производство, ќе има можност за добра заработувачка, имајќи во предвид дека земјоделците се најважен приоритет на социо-економска гранка.

Лаура Стојанова, М-Нет