
Отворено 32. издание на ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“ во штипскиот Дом на култура „Ацо Шопов“. 24 дела од 22 автори од повеќе држави се изложени во Галерија 22 и граѓаните може да ги видат истите наредната недела.
„Она што е битно е дека таа е формирана далечната 1987 година, битно е што има повеќе уметници реномирани кои учествувале на оваа ликовна колонија како Швајцарија, Турција, Полска, Словенија, Бугарија, Македонија. Со оваа колонија се изразува креативниот однос кон ликовната уметност. Ќе биде отворена една недела“ – вели Трајков.
На делата прикажани пред штипската јавност има различни мотиви и идеи согласно визијата на самиот автор.
Лаура Стојанова М-Нет